Стартува кампањата „#НосамМаска“


Фото: Б. Грданоски
 Владата на на Северна Македонија и Министерството за здравство започнуваат кампања за носење маски со цел поддршка на Законот и подигнување на свеста на граѓаните од важноста на  почитување на мерките и препораките на Комисијата за заразни болести за заштита од корона вирусот.
Кампањата, која ќе оди со слоганот  #НосамМаска, е подржана и ќе биде промовирана од страна на сите функционери членови и поддржувачи.
– Целта ни е да се подигне свесноста за тоа колку е важна заштитата од коронавирусот. Носењето на заштитни маски на отворен и во затворен простор е општо прифатена мерка за заштита во цела Европа. Тоа е засега наједноставен и најсигурен начин да се спротивставиме на пандемијата, соопштуваат од Министерството за здравство.
#НосамМаска е одговорност, велат од Министерството, која треба да ја прифатиме, почитуваме, споделиме и применуваме.