Стартува 35. сезона во македонското фудбалско првенство
Со натпреварот во Кавадарци во кој Тиквеш од 17. часот го пречекува Арсими, денеска стартува 35. сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Во рамки на воведното коло, утре во истиот термин Струга е домаќин на Шкендија Арачиново, додека Вардар ја пречекува Брегалница. Преостанатите два натпревари ќе се одиграат в недела, кога Силекс ќе го пречека Башкими (17 часот), а Шкендија ќе му биде домаќин на Скопје (19 часот).
Македонската лига оваа сезона брои десет клубови, два помалку од изминатите сезони, а титулата ја брани Вардар. Најтрофејниот македонски клуб, со 12 титули, повторно ќе биде меѓу кандидатите за шампионската титула, заедно со Шкендија и Струга, додека новиот формат се очекува да донесе неизвесна битка и за опстанокот во прволигашката конкуренција.
Во прволигашкото друштво се вратија штипска Брегалница и Скопје, додека Шкендија Арачиново прв пат во својата историја ќе настапува во ПМФЛ.