Старец починал откако паднал од дрво


Фото: Б. Грданоски

 

Во петокот, околу 12.50 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека во с.Старо Конско, општина Богданци, Р.П.(72) од Кавадарци паднал од дрво во дворното место од викенд куќа и од здобиените повреди починал на местото.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.