Старџен: Брегзит без договор ја води во распад Велика Британија

Првата министерка на Шкотска, Никола Старџен оцени дека британскиот премиер Борис Џонсон, кој престојуваше во официјална посета на Шкотска, сака брегзит без договор, а таквата перспектива води кон распад на Велика Британија.

-Откако разговаравме со Борис Џонсон, зад сите блефови и фалења, тоа е опасна влада, рече шкотската прва министерка која гласаше на референдумот во 2016 година за останување во Европската унија.

-Мислам дека тој сака брегзит без договор, рече Старџен по разговорот во Единбург.

Стратегијата на Џонсон за брегзит е „осудена на пропаст“, ​​рече таа, додавајќи дека „тоа е исклучително опасно за Шкотска, всушност за целото Обединето кралство“.

Старџен, лидер на Шкотската национална партија (СНП) кои заговараат независност, неодамна предупреди дека шкотскиот Парламент може да гласа во наредните месеци за да се одржи втор референдум за излез на Шкотска од Велика Британија.

Шкотите веќе гласаа за независност на референдумот во 2014 година, кога со 55 отсто гласови се изјаснија за останување во ЕУ, но тоа беше пред брегзит.