Стапката на вработеност во ЕУ лани била близу 76 отсто

Бројот на вработени во Европската унија, на возраст меѓу 20 и 64 години, лани изнесувал 197,6 милиони луѓе, што е стапка од 75,8 отсто и претставува најголем удел од 2009 година, соопшти денеска Евростат.
Заводот за статистика на ЕУ соопшти дека стапката на вработеност се зголемила за 0,5 процентни поени во споредба со 2023 година и за 1,2 отсто во однос на 2020 година.
Од земјите на Европската унија, највисоки стапки на вработеност се забележани во Холандија (83,5 отсто), Малта (83) и Чешка (82,3).