Стапката на невработеност во Франција скокна на девет отсто


Стапката на невработеност во Франција драстично се зголеми во последното тримесечје од годината, достигнувајќи девет отсто, покажуваат последните податоци на Националниот институт за статистички и економски студии- ИНСЕЕ, јави дописникот на МИА.

За време на посочениот период, апсолутната бројна на невработени во Франција, според начинот на пресметување на Меѓународното биро за труд, достигна 2,7 милиони лица, што претставува повеќе од 628.000 невработени.

Во текот на тримесечјето, стапката на невработеност скокна за 1,9 поени, откако во претходното тримесечје опадна за 0,7 поени. Тој е за 0,9 поени над нивото на пред-здравствена криза во четвртиот квартал од 2019 година.