Станот на Ив Сен Лоран се продава за два милиони долари


САД– За два милиони долари се продава мини станот на Ив Сен Лоран од 60 квадратни метри на 38 кат во хотелот „Пјер“ на Менхетен.

Станот во срцето на Менхетен, на 795 Fifth Avenue, Upper East Side, се смета за „архитектонски скапоцен камен“ на Њујорк.

Еден од најпознатите модни дизајнери на 20 век ги сакал патувањата и вкусно опремените дворци, поради што поседувал неколку резиденции низ светот, меѓу кои особено сакал мал стан на Менхетен.

Резиденцијата на 38 кат од историскиот хотел Пјер е прекрасен апартман со неверојатен поглед на Централ Парк.

Хотел „Пиер“ е изграден во 1930 година со 41 кат и денес е мешана станбена зграда со околу 190 соби и апартмани.
Сен Лоран го купи мини станот пред повеќе од 45 години, заедно со Пјер Берже, неговиот деловен и животен партнер.

Станот е многу осветлен, благодарение на четирите големи прозорци, високите тавани и фината завршна обработка и мебелот дизајниран од архитектот Даниел Ромуалдез. Домот на францускиот дизајнер во Њујорк, исто така, има три прилагодени плакари, чајна кујна и луксузна мермерна бања. Како што пишува во огласот, објавен од експертот за луксузни недвижности, жителите уживаат во низа луксузни хотелски погодности, како што се 24-часовни консиерж услуги, паркинг и услуга во соба.