„Стандард и Пурс“ го спушти рејтингот на Русија на „ѓубре“


 

„Стандард и Пурс“ го намали кредитниот рејтинг на Русија на „ѓубре“, „Мудис“ соопшти дека го ревидира за да го намали на исто ниво, а „С&П“ и „Фич“ брзо го намалија рејтингот на Украина поради војната. Прегледите на суверен рејтинг може да потраат со месеци, но овој пат веројатно ќе биде побрзо.

Новиот рејтинг на „С&П“ за Русија во странска валута е „BB +“ (од сегашниот „BBB-“), со предупредување дека може да се намали уште повеќе штом ќе стане појасно за макроекономските импликации на санкциите. „Според нас, досега објавените санкции би можеле да имаат значителни негативни последици врз способноста на рускиот банкарски сектор да дејствува како финансиски посредник за меѓународната трговија“, соопшти „С&П“. Рејтингот на Украина е намален од „Б“ на „Б-“.

Русија има рејтинг од „инвестициска оценка“ Баа3 од „Мудис“ и еквивалент БББ- од „Фич“, поради едно од најниските нивоа на долг во светот од само 20% од БДП и речиси 650 милијарди долари девизни резерви.

Сепак, намалувањето би го довело овој рејтинг во поризичната категорија „ѓубре“ или категорија за која не се препорачува инвестирање во оваа земја.

Агенциите предупредуваат дека тежок конфликт би можел да му отежни на Киев да ги плати долговите.