Сталоне како Кардашијан: Напролет реално шоу за славното семејство


САД- Американскиот актер Силвестер Сталоне и неговото семејство ќе бидат дел од реалното шоу  „Семејството Сталоне“, кое ќе почне да се прикажува оваа пролет, објави компанијата Парамаунт плус.

„Откако играше некои од најлегендарните ликови во филмската историја, три пати номинираираниот за Оскар Сталоне е подготвен да им овозможи на камерите пристап до улогата што ја смета за најважна во неговиот живот: татко“.

Како што е најавено, „Семејството Сталоне“ од осум епизоди ќе му даде на гледачот „место на масата во едно од најпознатите холивудски семејства“, кое го сочинуваат актерот, неговата сопруга Џенифер Флавин и ќерките Софија, Систин и Скарлет Сталоне.