Стадионот „Маракана“ под блокада


Полицијата  го блокирала црвено-белиот стадион во текот на ноќта и  блокадата продолжува. Тренинзите  на играчите се откажани, а полицијата спречува приближување кон Маракана.

Засилени полициски сили се распоредени од раните утрински часови пред стадионот „Рајко Митиќ“, кој во моментов е под блокада. Полицајците со долги цевки го спречуваат пристапот кон Маракана.

Возилата на единицата за интервенција се наоѓаат на рампите на влезот на западната трибина, како и на влезот во Младинското училиште.

Во текот на ноќта уапсена е  криминална група, која, според УКП, е одговорна за низа најмонструозни злосторства. Уапсените 17 члена на групата биле предводени од Вељко Беливук и неговиот соработник Марко Миjковиќ.