Солана сигурен дека многу скоро ќе ги почнеме преговорите со ЕУ


Имавте многу тешкотии на вашето патување. Имавте потешкотии во врска со вашето име, кое беше решено. Имавте проблеми со вашиот јазик, кое што исто така е разрешено и по договорот со НАТО сигурен сум дека многу скоро ќе имате можност да започнете формални разговори со Европската унија, изјави поранешниот висок претставник на ЕУ Хавиер Солана, во рамки на своето видео обраќање на конференцијата „По Охрид“ по повод 20 години од потпишувањето на  Рамковниот договор.

– Ми претставува задоволство што имам можност со вас да прославам 20-годишнина од Охридскиот рамкоцен договор. Тој договор значеше многу за вас и вашиот народ, но, исто така, е многу важен и за мене. Тоа беше почетокот на едно патешествие на соработка помеѓу различни народи од земјата, изјави Солана.

Toj посочи дека ќе остане „многу добар пријател“ на нашата земја и дека доколку некогаш ни треба нешто од пријател, „воопшто не се двоумете да ме контактирате“.

– Ви посакувам многу среќа Северна Македонија, порача Солана.

САД се гордеат што ја прославуваат заедно со Северна Македонија 20-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор којшто одигра суштинска улога во воспоставувањето на Северна Македонија како мултиетничка демократија и спречување на поголем конфликт, нагласи  Едвард Прајс, портпарол на Стејт Департментот во видео порака на конференцијата „По Охрид“.

– Ги поздравуваме постигнувањата и напредокот остварен од земјата во изминатите години кои ја позиционираа Македонија многу добро во регионот. Вашиот напредок со Преспанскиот договор покажа дека дипломатијата е возможна и носи плодови, истакна Прајс.

Во скоро време по Преспанскиот договор, додаде, ви беше посакано добредојде како 30. сојузник во НАТО. Изрази надеж дека наскоро ќе биде прославено и нашето членство во Европската Унија.

– Спогодбата поддржува општество кое цели кон напредок. Ние ги споделуваме предизвиците и ние како и вас разбираме дека демократијата се зајакнува кога ги почитуваме различните размислувања и разликите. Ова се идеали кон кои се стремиме и и честитаме на Македонија за напорите во корист на нејзините граѓани. Ова е само почетокот на нашата врска која ќе ја чува вашата земја силна многу годиниво иднината, нагласи Прајс.

Според амбасадорката на САД во Северна Македонија, Кејт Мари Брнз, Рамковниот договор не е совршен договор, но тој нуди исполнување на желби во иднина и преминување кон минатите несогласување.

Како што рече, тоа е договор кој што не однесе во НАТО и на прагот на Европската Унија.

– Во денешниот глобализиран свет се соработува и се води конкуренција на повеќе нивоа, и тоа произлегува од различни сегменти кои имаат различни култури од различни делови на светот.Оваа земја е на балканскиот полуостров, на еден од највибрантите делови од овој регион, каде што се вложуваат огромни напори за токму различностите да бидат ваша силна страна, рече амбасадорката.

Таа посочи дека над 4 илјади лидери од деловни, политички, религиозни и други опбласти во Северна Македонија учествуваа во програмите и размените под покровителство на американската влада. Како што рече, тие имаат патувано за стекнување професионални искуства и имаат учено како едни од други, така и од формалните програми.

Амбасадорката додаде дека Америка исто така работи со своите партнери тука во Северна Македонија за обезбедување рамноправен пристап до ресурсите и институциите во оваа земја. Во некои случаи, како што рече, тоа е во форма на финансиски одржливи инвестиции, во други сегменти станува збор за пристап до слободни пазари, помош при намалување на корупцијата

– Во еден случај соработувавме со локалните влади за обезбедување интернет врски во сите јавни училишта во земјава и на скеој ученик да му се даде можност да се орбазува дигитално. САД ќе продолжи да ги поддржува вашите напори, во справувањето со корупцијата и зајакнувањето на демократијата и зголемување на инклузивноста, рече Брнз.