ССМ: Судот го прифати барањето на работниците за отварање на стечај на „Бетон“ АД Скопје


Фото: Б. Грданоски

 

На денешното рочиште, судот го прифати барањето на работниците за отварање на стечај на „Бетон“ АД Скопје поради неисплатените повеќе од 8 плати како и два регреси за годишен одмор, соопштија од Сојузот на синдикати на Македонија.

„Работниците, храбро ја водеа борбата заедно со Синдикатот СГИП која го даде резултатот што го бараа, а со тоа се покажа дека работодавачите се моќни онолку колку што ќе им дозволат работниците“, велат во соопштение од ССМ.

Во него се додава дека по објавувањето на Решението од Судот, Синдикатот СГИП ќе обезбеди бесплатна правна помош за постапките за материјално обезбедување на работниците од страна на АВРМ како и за пријавување на стечајните побарувања за плати и придонеси како и други побарувања од работен однос, а за што Синдикатот СГИП ќе информира на 2 Мај.