ССМ: Со државни пари да не се богатат газдите на грбот на граѓаните и работниците


Фото: Б. Грданоски

Владата претпазливо да постапува со планот да го помогне стопанството со 250 милиони евра од кредит, да не ги прави истите грешки што ги правеа предходните влади кои даваа финансиска поддршка на компаниите, а голем дел од нив ја злоупотребија, а не ги дадоа ниту платите на работниците и ја изиграа државата, а денеска токму ние работниците и граѓаните ги враќаме кредитите за таа намена, предупредуваат од Сојузот на Стопански комори.

Сугерираат дека, истите тие работодавачи кои ја очекуваат поддршката од Владата од 250 милиони евра, го подкрадуваат буџетот за исто толку 250 милиони евра кои не влегуваат во државната каса поради непријавените работници кои сочинуваат 11,8% од вкупниот број на вработени.

– Не ја гледаме оправданоста работодавачите да добијат половина милијарда евра на поклон од државата (пари од кредитот и пари кои работодавачите не ги плаќаат во буџетот, а кои потоа ги враќаат и работниците и граѓаните), а Владата и работодавачите да имаат изговор за да не се зголеми минималната плата веднаш на 450 евра, како и да не се зголемат платите во приватниот и во јавниот сектор – стои во соопштението.

Синдикатите можат да имаат активна улога во контролата и во спречувањето на злоупотребата на овие средства ако главен критериум биде срествата да се доделат на компании кои го почитуваат социјалниот дијалог, немаат злоупотребено буџетски средства, не се казнувани за прекршување на работничките права и имаат синдикат на ниво на работодавач, а се во спротивно ќе биде поклон или злоупотреба.

Пред дестина дена премиерот Христијан Мицкоски појасни дека половина од парите кои ќе се земат како заем од Унгарија же се наменат за општините, а половина за бизнисот. Премиерот Мицкоски објасни како ќе се трошат 500-те милиони евра, кои како заем ќе се земат од Унгарија.

Тој рече дека 250 милиони ќе одат за општините на наменски сметки за капитални проекти. Останатите ќе се слеат во стопанството. Компаниите ќе добијат кредити со каматни стапки пониски од пазарните, но ќе треба и да исполнат одредени услови.

-Обврската ваша како Бизнис е барем уште толку да имате средства коишто на овие 250 милиони евра вие ќе ги инвестирате. Тоа се половина милијарда инвестиции. Да обезбедите годишно најмалку 5.000 вработени, и да обезбедите раст на вашето производство 5% над стапката на инфлација, вели Мицкоски.