Ноќните клубови и кафулиња без тераси во Белград се затвораат од 23 до 06 часот

Србија – Ноќните клубови, сплавовите и кафулињата што немаат тераси во Белград ќе бидат затворени на две недели во периодот од 23 часот до 6 часот наутро,како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот. Тоа го најави вечерва српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој додаде дека парично ќе бидат казнети лицата кои нема да носат заштитни маски во трговските центри и јавниот градски и меѓуградски превоз.

Ќе бидат затворени и студентските домови затоа што голем број студенти се заразени.

Бројот на луѓе собрани во затворено ќе биде ограничен на 100, на растојание и со маски, а на отворено на 500 лица.

– Доколку тие мерки не бидат доволни, ќе има и други, најави Вучиќ.

Ситуацијата во Белград е најпроблематична затоа што 82,5 проценти од сите заразени се регистрирани во главниот град на Србија.