Српските студенти шокирани од приказните за „обоена револуција“ на патријархот Порфириј пред Путин

Студентите и либералната српска јавност се огорчени од постапките на патријархот на СПЦ, Порфириј кој пред Владимир Путин ги напаѓаше студентите и рече дека направиле обоена револуција.
За Порфириј, протестите по падот на натстрешницата во Нови Сад се рака на Западот, а не вистински аспирации на студентите и на српскиот народ. Дури и самиот Путин во еден момент излезе во одбрана на Западот, бидејќи Порфирије претера (прочитајте го целиот транскрипт на крајот од текстот).
Овој измислен наратив за „обоената револуција“ го користи и Александар Вучиќ, кој, се чини, го зеде под свое и Порфириј, некогаш популарен свештеник кој сите го слева по својата модерност, поддршка на младоста, либералност, човекот што ја слуша „Азгра“… А сега Порфириј се претвори во радикален свештеник, тој е далеку од она што се претставуваше додека беша на епископска служба во Загреб.
Транскриптот од „збунувачкиот“ разговор на патријархот Порфириј, рускиот патријарх Кирил и претседателот Путин прочитајте го ОВДЕ.
Сè опиша уредникот Милан Вукелиќ во коментар за „Нова.рс“.
„Го паметам како гостин на емисиите на покојниот Веља Павловиќ ‘Духовници’ во покојното Студио Б. Веља и тој седат и зборува за хуманоста, добрината, рокенролот, литературата. Беше навистина добро… Тој уште тогаш стана ‘рокенрол патријарх’. Со тој статус отиде во Загреб, каде како епископ стана некаква пургерска поп икона, пријателски расположен Србин, а притоа и попа, кој има што да каже за ‘Азра’. ‘Загреб и јас се сакаме јавно’“, црцореше тогаш владиката Порфириј.
А денес? Никаде ‘Азра’, никаде чрцорење, никаде го нема симпатичниот, добродушен Лала со неговите штреберски монолози и раката испружена кон 21. век. Пред нас ненадејно се појави некој мрачен човек од 13. век, за кого Западот практично преку ноќ стана легло на демони; на Србија ѝ е местото во мечкината прегратка на ‘рускиот свет’; студентскиот бунт против корупцијата и криминалната власт на Вучиќ не е ништо повеќе од ‘обоена револуција’…
И сето тоа пред човек кој три години без милост го претвора ‘братскиот’православен народ, Украинците, во прав и пепел.
‘Порфириј, трепни ако те киднапираа!’, ќе речев да ја гледав оваа московска црна драма во времето на ‘Духовници’. Затоа што оној во Москва не беше патријархот: тоа беше депресивен, понижен, мрачен агент.
Агент на идејата која работи да се уништи Србија, народе.
Каков тажен крај!“ – напиша Милан Вукелиќ, а целиот текст прочитајте го ТУКА.