Српските студенти ги повикуваат вработените во јавните институции да им се придружат во протестот


Активистите и организаторите на денешниот протест во Белград, Иван Бјелиќ и Никола Ристиќ ги повикаа вработените во јавните институции да се приклучат на блокадата.

Тие порачаа дека вработените во јавните институции работат до 15 часот и оти на протестот треба да се приклучат сите „чесни луѓе“.

Студентите нагласија дека ќе продолжат да ја блокираат крстосницата на улиците „Кнез Милош“ и „Немањина“, каде што се наоѓа зградата на Владата на Србија.

Тие претходно најавија дека увид во изборниот список ќе бараат и од локалните самоуправи.