Српскиот патријарх Порфириј вратен од преминот Мердаре
Приштинските власти не му доволија да влезе во Косово и да оди во Пеќската патријаршија
Српскиот патријарх Порфирије денеска попладне е вратен од административниот премин Мердаре на грницата со Косово. Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, вели дека со ова насилството на Курти врз српскиот народ достигна невидени размери.
По рутинска контрола на српската страна на административниот пункт, на косовска страна, автомобилот на патријархот Порфириј и неговите соработници бил одвоен од конвојот, а на патниците им било кажано „да чекаат“, пренесува РТС.
По четириесетминутно задржување, на патријархот Порфиј не му било дозволено да влезе во Косово и Метохија, по што со своите соработници се вратил во централна Србија.
И директорот на српската Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, потврди дека на српскиот патријарх Порфириј Приштина му е забранет влез на Косово и Метохија.
„Неговата Светост беше физички вратен од преминот Мердаре. Со ова насилството на Курти врз српскиот народ достигна невидени размери“, напиша Петковиќ на Твитер.
Вчера властите во Приштина му забранија на патријархот Порфири да патува во Пеќската патријаршија.