Српскиот министер за одбрана доби забрана за влез во Косово


На српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, не му бил дозволен влез во Косово и Метохија.

Вулин, со делегација на военото здравство, требало да го посетат Клиничкиот центар во Косовска Митровица.

„Во одговорот од Приштина е наведено дека не се во можност позитивно да одговорат на барањето, со што уште еднаш се покажа дека Рамуш Харадинај лаже“, се наведува во соопштението од кабинетот на Вулин.

Се додава дека планираната посета имало исклучително хуманитарен карактер.