Српскиот министер за државна администрација позитивен на корона вирусот

Српскиот министер за државна администрација и локална самоуправа Бранко Ружиќ потврди дека е позитивен на коронавирусот и оти е во самоизолација.

Тој за Танјуг изјавил дека е дома и се чувствува добро.

– За сега сум добро. Нема температура, нема кашлица, моите бели дробови за сега се добри, како и мојата крвна слика, рече Ружиќ и додаде дека зема терапија и оти ќе биде во самоизолација наредните 14 дена.