Српски мафијаш си го пресече вратот во суд


За време на судењето на Ваљевската група пред Специјалниот суд во Белград, обвинетиот Зоран Јеличиќ си го пресече вратот пред сите во судницата.
Според „Курир“, Јеличиќ се јавил за збор, излегол на судската говорница и со зборовите „Сега ќе се убијам себеси пред сите“, извадил остар предмет од џебот и си го пресекол вратот.
По инцидентот, повредениот бил пренесен во ВМА, каде што му била укажана медицинска помош.
Според РТС, во прашање се површински повреди.