Српската вицепремиерка го искара Лавров дека манипулира


Зорана Михајловиќ

 

Вицепремиерката на српската влада, Зорана Михајловиќ, изјави дека шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров го злоупотребува фактот што Србија не воведе санкции кон Русија, обидувајќи се да покаже дека Србија го поддржува рускиот напад врз Украина, иако Србија гласаше за резолуцијата на ОН за осуда на војна, соопштија од нејзиниот кабинет.

„Србија јасно одлучи против војната во Украина и со тоа што не воведува санкции кон Русија, како што тоа го направи цела Европа, покажува дека води самостојна и независна политика“, посочи Михајловиќ.

Таа оцени дека Лавров наместо да ја почитува одлуката на Србија да не воведе санкции кон Русија, тој го злоупотребува тој факт претставувајќи го како поддршка на Србија за руската страна во конфликтот.

„Иако зборува за пријателството меѓу двете земји, со ваквото однесување на дело го покажува спротивното“, наведе Михајловиќ во писмената изјава.