Српската актерка Даница Максимовиќ во болница заради компликации од Ковид-19


Србија-Српската актерка Даница Максимовиќ (67) е позитивна на коронавирус и е хоспитализирана во болница.

Според пишувањата на српските медиуми, Даница била примена во болница пред седум дена, за докторите да можат да ја следат нејзината здравствена состојба.

Таа се чувствувала подобро и била во стабилна состојба, а според информациите наскоро ќе биде пуштена дома за да продолжи со лекувањето.

Во 90-тите важеше за една од најатрактивните актерки во регионот, а оствари бројни филмски улоги во HajdukSabinjankeĆao inspektoreBal na vodi, Tesna kožaHajde da se volimoNoć u kući moje majkeZona ZamfirovaČarlston za Ognjenku i Amanet…