Среќен роденден, Џеки Кенеди: Како нејзиниот стил го инспирираше брендот за сандали Џек Роџерс


САД- Џеки Кенеди Оназис носеше креации од страна на некои од најпознатите модни дизајнери во светот. Во времето на нејзиниот мандат како прва дама од 1961 до 1963 година, таа дури имаше личен дизајнер Олег Касини кој ѝ ја дизајнираше облеката додека таа и претседателот Џон Ф. Кенеди престојуваа во Белата куќа. Но, таа едноставно не го носеше само тоа што дизајнерите ѝ го советуваа – исто така и таа со исклучителниот стил ги инспирираше и нив. Денес, на нејзиниот роденден, се потсетуваме на нејзиното влијание врз брендот Џек Роџерс.

За време на патувањето во Капри, Италија, во 1960 година, Џеки Кенеди наиде на рамни кожни сандали, без кои не можеше да го напушти островот . Кога се вратила во Соединетите Држави, таа ги однела сандалите кај нејзиниот локален чевлар во Палм Бич, Флеј, каде семејството Кенеди имала дом.

Чевларот го имитираше стилот на сандалите со ременче меѓу прстите  што Кенеди го сакаше – и ова беше почетокот на марката Џек Роџерс. Компанијата продолжува да ја прави оваа класична сандала во голем број на бои. Кенеди Оназис ги фаворизираше сандалите во бела боја и беше фотографирана како ги носи за време на следните патувања во Италија.

Иако Кенеди Оназис почина во 1994 година, и денес, да беше жива, ќе славеше 91 роденден-нејзиниот бренд оттогаш продолжи да им обезбедува на генерациите постојано шик и безвременски чевли за секоја пригода. Денес, 60 години по основањето, можете да го пронајдете легендарниот бренд во над 400 продавници низ целиот свет, како и сопствените локации за предводници во Атланта, Њујорк и Шарлот. Покрај овој модел на  сандали,Џек Роџерс ги прошири своите понуди со чизми, машки и детски чевли и додатоци.