Парите од ЕУ за Бугарија условени со тргање на ветото за Македонија


Според извори на Бугарското национално радио (БНР), финансирањето што Бугарија очекува да го добие според Планот за закрепнување и отпорност ќе биде поврзано со позицијата на земјата во случајот со Северна Македонија. Слични пораки веќе се пренесени и на средбата на претставникот на француската влада со пратеничките групи на владејачката коалиција.

Во моментов во тек се подготовките за посетата на премиерот Кирил Петков на Франција, каде пред крајот на француското европско претседателство ќе се сретне со Емануел Макрон.  И покрај првичната идеја на средбата со францускиот претседател да присуствува и Румен Радев, шефот на бугарската држава денеска изјави дека нема услови за негова посета на Париз бидејќи не е постигнат напредок за отворените прашања меѓу Софија и Скопје.

Претходно шефицата на дипломатијата теодора Геновска, која важи за кадар на Радев, изјави дека тимовите на премиерот продолжуваат да го саботираат процесот на различни начини.

„Водат разговори со нашите партнери од Европската Унија. Се трудиме овие разговори да ги водиме навистина професионално, формално, но сепак настрана дознаваме дека паралелни разговори водат и советници на премиерот“, рече Генчовска.