Средношколците ќе креираат визуелни дела на тема: трансплантација и органодонорство


Отворен e повик за доставување најдобро решение за постер, изработен од учениците од сите државни средни училишта во земјава, кои на овој начин ќе имаат можност да ги покажат своите визуелни креативни дела на тема органодонорство и трансплантација.

Повикот  е распишан денеска во рамки на проектот „Поддршка на системот за трансплантација во Република Северна Македонија“, а е финансиран од ЕУ и се спроведува во соработка со Министерството за здравство, (во реализација на Agriconsulting S.A. (Италија) и PLANET S.A. (Грција).

Tрансплантацијата на органи, освен што спасува животи, ги поставува и темелите на етичките принципи во здравството, но и во општеството во целина. Органодонорството не само што спасува животи на пациентите кои немаат друг избор за лекување, туку и ја испитува нашата хуманост. Семејствата на донорите заслужуваат почит и признание за нивниот алтруизам и надежта која ја даваат за подобра иднина на болните, но и на целото општество преку нивниот пример. Токму ова е иницијалната замисла за започнување кампања за подигнување на
свесноста за оргнанодонорство.

Што се бара?
– Дигитален изложбен постер, цртеж или друг тип визуелна порака која поттикнува
размислување за органодонорството и трансплантацијата.
– Секој средношколец може да достави најмногу две креативни дела.

Награди:
Петчлено жири одлучува за доставените решенија.
Најдобрите три дела ќе добијат добиваат наградни ваучери за електронски уреди,
во вредност од 500 евра, 300 евра и 200 евра, соодветно!
Најдобрите 10 дела ќе бидат претставени на јавна изложба, заедно со професионалните решенија за графички дизајн од вториот повик.

Како да се пријавите?
Посетете го следниов линк за повеќе детали во врска со Повикот за доставување најдобро решение за постер на тема трансплантација

– Рок: 4 март 2024 година.

Секој учесник може да поднесе најмногу две креативни дела

Повеќе информации на: www.transplantacija.mk