„Средноленд“ низ Скопје – средношколците ги покажуваат своите таленти


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска на Плоштад Македонија ја отвори средношколската манифестација „СРЕДНОЛЕНД 2024“, на која скопските средношколци ги претставуваат своите таленти преку музика, танц, ликовна и драмска уметност, фотографија и филм.
 
По успешната реализација минатата година, кога за првпат се одржа оваа средношколска манифестација, продолжуваме со поддршката и мотивацијата на нашите талентирани средношколци да ги промовираат нивните способности во повеќе области од културата. “СРЕДНОЛЕНД“ веќе стана препознатлива манифестација, одраз на средношколската безгрижност, младост и свет на искрените пријателства.  Се надеваме дека публиката во наредните денови ќе ужива во богатата и разновидна културно забавна програма креирана од нашите вредни ученици на средните училишта на Град Скопје.
 
Настанот кој е инициран од професори и ученици од градските средни училишта, како повеќедневната средношколска манифестација се одржува од 22 до 27 април, на повеќе локации во градот и тоа на Плоштад Македонија, КИЦ, МКЦ и Градски парк – Лепеза.