Средните училишта во Данска сè повеќе користат ChatGPT во наставата: Учениците отсекогаш мамеле, не им треба ВИ за тоа


Бумот на чет-ботови со вештачка интелигенција (ВИ) создаде проблеми низ светот, пред сè во училиштата, поради сè почестото мамење на учениците. Сепак, неколку училишта во Данска одлучија да ги вклучат во наставата, што досега се покажа позитивно.

Мете Молгаард Педерсен, професорка по англиски јазик во Граматичкото училиште Хорсенс во централна Данска, забележала дека некои ученици поднеле задачи со помош на алатката за вештачка интелигенција, само неколку недели по лансирањето на ChatGPT. И додека првиот впечаток е дека учениците го користат за копирање на тестови или за домашна работа, наставникот Педерсен вели дека ChatGPT навистина може да биде корисен, доколку се користи на адекватен начин.

„Тоа може да биде нова алатка за учење за учениците“, смета оваа наставничка.

Сега пет дански средни училишта – вклучително и она во кое работи Педерсен – ја охрабруваат употребата на технологијата во некои паралелки како дел од двегодишниот проект. Студентите се задоволни од досегашната иницијатива.

На еден неодамнешен час по англиски јазик, учениците имаа задача прво сами да анализираат кратка приказна, а потоа да користат чет-бот со вештачка интелигенција. Тоа е лекција за можностите на технологијата, но и за нејзините ограничувања.

„Мислам дека е одлично. Мислам, тоа е алатка речиси како и секоја друга работа во светот. Речиси е како пребарувач, но можете да бидете поконкретни со него и може да ви даде поконкретни одговори отколку да пишувате нешто на Google “, рече Џејкоб Иде Дидериксен (17), друг ученик во гимназијата Хорсенс.

Од друга страна, поголем е бројот на наставници кои сакаат да останат доследни на стариот систем на образование и остануваат „отпорни“ на ChatGPT. Додека едни се борат за вклучување на ВИ во училниците, други експлицитно го оспоруваат, некои наставници воопшто не се загрижени. Според нив, студентите отсекогаш наоѓале начини да мамат, ChatGPT сега е само една нова опција.