Среде епидемија ВМРО-ДПМНЕ бара нова Комисија за заразни болести


Фото: Б. Грданоски

Новата нормалност се руши како кула од карти. Народот веќе не им верува ниту ним , ниту на Филипче, ниту на Заев.Во ден кога во Македонија е забележан црн биланс со 52 нови заразени граѓани, СДСМ излегуваат со нови манипулации за платите на лекарите и здравствените работници и ги обвинува граѓаните за ширењето на заразата, порачаа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Реалноста е дека заради СДСМ и политичките амбиции на Заев имаме фијаско во борбата со коронавирусот, а секој загубен живот оди на совеста на Заев.Во едни вакви услови Зоран Заев турка избори што значи директно туркање кон изборна кланица.Ситуацијата е излезена од контрола. Се покренува и сериозен сомнеж во работата на Комисијата за заразни болести и во нивните проценки за мерките кои треба да се преземат. Повикуваме да се разрешат членовите на Комисијата за заразни болести и на нивно место да дојдат експерти со морален интегритет, луѓе на кои здравјето на граѓаните ќе им биде врвен приоритет, бара опозицискјата партија.