Средба за железницата на Коридор 8 и иницијативата за заеднички интермодален терминал


Во бугарското Министерство за транспорт се одржа координација за  напредокот во реализацијата на железницата на Коридорот 8 со Северна Македонија, со учество на директорите на ЈП ЖРСМ Инфраструктура Хари Локвенец, на Бугарски железници Инфраструктура Златин Крумов и помошник министерот за транспорт и врски  Красимир Папукчијски.

Локвенец изјави дека на средбата се разговарало и за иницијативата за формирање заеднички интермодален терминал на вкрстувањето на двата европски коридора 8 и 10.

-Со тоа би се зголемила важноста на двата коридора и би се зголемиле услугите и поддршката на стопанството преку почитување на Европската зелена агенда и најважно Скопје би станал најважен балкански логистички центар, изјави за МИА Локвенец.

Средбата, како што дополни, била и во насока на поддршка и промоција на македонските проекти во институциите на ЕУ од страна на бугарските претставници