Средба на Заев со коалициските партии

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вечерва ќе оствари средба со лидерите на партиите коалициски партнери на СДСМ.

Како што соопшти Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ, средбата ќе се одржи во седиштето на партијата во 20.00 часот.