Средба на Мишел и Заев: Одлуката за почнување преговори треба да се спроведе


Премиерот Зоран Заев и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел на денешната средба во Брисел заклучиле дека треба да се спроведе одлуката на земјите на Унијата од март 2020 Македонија и Албанија да ги почнат пристапните преговори за членство. И двајцата се надеваат дека со поддршка на португалското претседателство, кое вложува силни заложби и голема политичка волја, ќе биде отворен патот што ќе овозможи Бугарија да се приклучи на консензусот за усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција без натамошно одлагање, стои во соопштението на владината прес-служба.

На средбата било истакнато дека за време на словенечкото претседателство, во октомври оваа година, ќе се одржи Самит ЕУ – Западен Балкан кој се очекува да биде заедничка инвестиција за поинтензивна меѓусебната поврзаност и соработка на линија на клучните вредности и принципи на ЕУ за посуштинско вклучување на регионот во тековните значајни проекти на Унијата поврзани со климатската и дигитална трансформација.

Мишел и Заев нагласиле дека поддршката и соработката на ЕУ со земјите од Западен Балкан во справувањето со пандемијата на Ковид-19 пандемијата ќе продолжи со несмалена динамика, вклучително и во поглед на вакцинацијата. Тие ја оценија како добредојдена ја оценија заложбата за вклучување на земјите од регионот во дебатата во рамките на Конференцијата за иднината на Европа.

Заев синоќа беше на на вечерата што шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, ја приреди за шест лидери од Западен Балкан на која се разговарше за европските перспективи на регионот.