Средба на Пендаровски со Френсис Фукујама и професори од Универзитетот Стенфорд во САД
Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со Френсис Фукујама, американски филозоф, научник, политичко-економски аналитичар и автор и со професори од Универзитетот Стенфорд во САД кои престојуваат во Република Северна Македонија по повод одржувањето на „Лидерска академија за развој”, организирана од Институтот за демократија „Социетас Цивилис”, а која се одржува на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.
На средбата, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, се разговараше за глобалните предизвици на денешницата, за развојот на внатрешната политика во САД, за светските текови и трендови во политиката и економијата, како и за развојните тенденции во меѓународниот поредок.
Соговорниците споделија мислења и информации за европски интеграции на нашата земја, како и за регионалната стабилност, а стана збор и за предизвиците во евро-атлантскиот блок и функционирањето на Европската Унија во услови на криза.
На средбата се разговараше и за развојот на случувањата во Украина и на регионот.