Средба на Алиу со претставници на МАСИТ за дигитализација во здравството


 На денешната средба со претставници на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, предводени од претседателот Јордан Димитровски, разговаравме за процесите на дигитализација во здравството и за можностите за вклучување на ИКТ секторот во нивниот понатамошен развој, информираше вечерва министерот за здравство Азир Алиу на Фејсбук.

– Дигитализацијата е суштински предуслов за поефикасен, потранспарентен и подостапен здравствен систем. Токму затоа е важно овие процеси да се градат во соработка со стручната и технолошката заедница, што може да придонесе со знаење, иновации и конкретни решенија, пишува во објавата.

Министерот додава дека остануваат посветени на партнерства што ќе придонесат за модернизација на здравствениот систем, подобрување на услугите и развој на дигитални решенија во интерес на граѓаните и здравствените работници.