Средба Меркел – Харадинај: Нормализација на односите Белград-Приштина е клучен за стабилноста во регионот


Германската канцеларка Ангела Меркел и косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска истакнаа дека правно обврзувачкиот договор за целосна нормализација на односите Белград-Приштина е клучен за стабилноста во регионот.

Меркел имаше денеска во Берлин средба со Харадинај, со кого, како што соопштија од нејзиниот кабинет, се разговарало за билатералните односи, прашањата околу надворешната политика и односите Белград-Приштина.

„Правно обврзувачки договор е клучен за патот на двете земји во Европа”, се вели во соопштението.