Средба Бочварски-Ѕуо: Автопатот Кичево-Охрид е приоритетен проект


Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски оствари работна средба со Џанг Ѕуо амбасадор на Народна Република Кина во Република Северна Македонија

На средбата министерот Бочварски ги презентирше инфраструктурните проекти што се реализираат во Република Северна Македонија, со посебен акцент на проектите во патната и железничката инфраструктура и гасификацијата.

Министерот ја потенцираше потребата од заеднича соработка во доизградба на автопатот Кичево – Охрид. Исто така го информираше амбасадорот и за претстојните крупни капитални проекти што ќе се реализираат на Коридорите 8 и 10.

„Денешната средба со кинескиот амбасадор во земјава беше во духот на билатерланата економска соработка меѓу двете земји. Кина е наш долгогодишен партнер во реализација на крупни капитални проекти. Го информирав амбасадорот за сите проекти што планираме да ги реализираме во следниот период. Ги отвориме прашањата поврзани со инфраструктураните проекти кои се поддржани од кинеската страна, потенцирајки за состојбата со изградба на автопатот Кичево –Охрид и повикав на заедничка вклученост во доизградба на овој значаен патен правец”, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

На средбата се разговараше и за економските односи меѓу двете земји, притоа министерот Бочварски изрази благодарност за поддршката што НР Кина ја овозможува за реализација на капиталните проекти во Република Северна Македонија.

Тој изрази целосна подготвеност за продолжување на таквата соработка во име на продлабочување на добрите односи меѓу двете земји, посебно во делот на поддршка на инфраструктурните проекти.