Србите и Русите имаат најмногу јахти под црногорско знаме


Подгорица- Под црногорско знаме пловат 354 јахти, од кои 41 се во сопственост на црногорски државјани, објавено е на веб-страницата на Владата на Црна Гора.

Граѓаните на Русија, Србија, Украина, Белорусија, Италија, САД, Чешка, Босна и Херцеговина и Велика Британија ги регистрирале своите јахти во регистарот на јахти во кои се регистрирани пловни објекти подолги од седум метри.

Граѓаните на Србија и Русија регистрирале по 99 пловни објекти. Во регистарот се регистрирани 17 јахти на државјани на Украина, девет чии сопственици имаат пасоши на Британските Девствени Острови, седум на државјани на Чешка и по осум пловни објекти регистрирани од државјани на Босна и Херцеговина и на САД.

Во регистарот се вклучени и јахти од Казахстан, Хрватска, Литванија, Холандија, Кувајт, Естонија, Канада по две, Италија, Кипар, Австрија и Франција по три, Германија и Велика Британија по четири, Белорусија пет …