Србинките доживеаја дебакл од Белгија и ја загубија европската круна


 

Кошаркарките на Србија доживеаја убедлив пораз од 93:53 од Белгија во четвртфиналето на Европското првенство во Љубљана, и ја загубија европската круна. Белгијките на самиот почеток дојдоа до голема предност по серијата од 14:0 и брзо стана јасно дека српските кошаркарки тешко ќе се вратат во игра.

Актуелните шампионки на Европа во првата четвртина постигнаа само 8 поени, но во втората одиграа нешто подобро.

Во третиот период, Белгија започна со серија од 8:0 и навести дека Србија нема шанси да се пласира во полуфиналето.

Србија немаше решение за Алеман, Месеман, Линскенс и Венло кои заедно постигнаа 58 поени. Месеман особено блесна со трипл-дабл ефект од 15 поени, 13 скока и 10 асистенции.

Најрасположена кај српските кошаркарки беше Ивон Андерсон со 20 поени.

Селекцијата на Белгија во полуфиналето на Европското првенство ќе се сретне со победникот од дуелот меѓу Франција и Црна Гора.