Србија со повеќе од 4.500 новозаразени, почина 21 пациент
Во соседна Србија денеска се регистрирани 4.590 новозаразени, а починаа 21 лице.
Тестирани биле 16.929 примероци, а 3.089.025 од почетокот на епидемијата.
Во болница се лекуваат 4.311 заболени со Ковид-19, а 212 се на респиратор.
Досега од Ковид-19 починаа 4.620 луѓе, а стапката на смртност е 0,93 отсто.
Во Србија досега се регистрирани 498.696 случаи со Ковид-19.