Србија со нови 359 заразени, 10 починаа


 

Во последните 24 часа во Србија на корона вирус тестирани се 8.349 лица, а од нив 359 се позитивни, додека десет починале.

На респиратор се 190 пациенти.

Според д-р Горан Стевановиќ, првиот човек на Инфективната клиника во Белград, речиси третина од прегледание пациенти последните денови се за болничко лекување.

Од друга страна, министерот за здравство Златибор Лончар, вели дека во Белград има доволно место за нови пациенти, па дури и до главниот гра да се препраќаат во Шабац.

Вкупниот број заразени до корона вирус во Србија изнесува 21.253, активни се 6.623 случаи, од кои 4.772 се во болница.