Србија со нови 341 позитивни на корона вирус


 

Во последните 24 часа во Србија 6.503 лица биле тестирани на коронавирус, при што 341 од нив биле позитивни, а едно лице починало.

Хоспитализирани се 107 лица, односно секое трето лице кое било позитивно на тестот. На болничко лекување моментално се 768 луѓе.

Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, на респиратори во болниците ширум Србија се наоѓаат 39 пациенти.

Како што истакнаа членови на српскиот Кризен штаб, но и самиот претседател Александар Вучиќ, во наредните денови и недели може да се очекува повеќе од 1.000 новозаразени во рок од 24 часа.

Доколку оваа бројка стигне до 1.500 може да се воведат вонредни мерки, па дури и полициски час во Србија.