Србија се држи, но има раст на новозаболени – 151


 

Во последните 24 часа Србија пријави нови 151 заболени од корона вирус, на 6.139 тестирани.

Починаа две лица.

Можеби во однос на другите земји од окружувањето, кога Хрватска пријави повеќе од 500 нови, Словенија близу 400, БиХ повеќе од 400, а Македонија 364, српските новозаразени можеби игледаат малку, но сепак, ова енајвисок број новозаразени од 26 август кога имаше 154 заразени во еден ден.

На респиратор се 21 пациент.

Бројот на заразени во Србија расте, особено во Белград, од минатата недела, а вчера имаше 121 новозаразени.