Србија руши рекорди во вакцинација, за еден ден вакцинирани 54.000 луѓе


Од утринава досега во Србија се вакцинирани 54.000 граѓани, што е апсолутен рекорд, јавуваат српските медиуми.

Според сознанијата, се проценува дека до крајот на денешниот ден овој број ќе порасне на 59.000.

Исто така, според бројот пријави за вакцинација за утрешниот ден, и овој денешен рекорд ќе биде соборен.

Се проценува дека утре во Србија може да бидат вакцинирани околу 70.000 граѓани.