Србија привремено го забранува извозот на природен гас


 

Владата на Србија денеска донесе одлука за привремена забрана за извоз на природен гас до крајот на месецот, со цел да се обезбеди безбедно снабдување на домашниот пазар и да се спречат можни штети за стопанството и граѓаните.

Одлуката е донесена со цел да се спречи заканата од критичен недостиг на природен гас предизвикан од нарушување на глобалниот енергетски пазар“, се наведува во соопштението.