Србија пред затворање, растат бројките на новозаразени


 

Во Србија се одржува седница на Кризниот штаб на која се разгледува влошената епидемиолошка состојба, а можно е заострување на мерките.

Некои медиуми велат дека на седницата е напнат и дека д-р Предраг Кон бара затворање следните два викенда. Тоа значи затворање на сите угостителски објекти, но се најавува и затоврање на училиштата.

Пред два дена д-р Бранислав Тиодорович за „Блиц“ рече дека во првата фаза ќе се бара намалување на работното време и затоврање на оние локали кои не ги почитуваат мерките, а ако тоа не даде резултат да се оди на целосно затоврање.

Се размислува и за затворање на училиштата, а наставата да продолжи онлајс со оглед на тоа што во некои училишта слободно циркулира вирусот.

Вчера, бројот на новозаразени скокна на над 3.000, а капацитетите се преполнети, додека медицинскиот персонал е на крај на силите.