Србија ни го побара Морина: Го сомничи за злосторства против цивилното население

 

Министерството за правда на Србија поднесе молба за испорачување на Томор Морина, поранешен припадник на ОВК, до Северна Македонија, речено е за Танјуг од министерството.

Морина, минатата недела, беше уапсен на граничниот премин Блаце – Генерал Јанковиќ, по потерница преку Интерпол од Србија, која го бара поради сомнеж дека стори воени злосторства против цивилното население во Косово.

Со молбата за испорака Србија треба да достави и документација за тој предмиет, а одлуката за исполнување на условите за испорака ќе ги донесе македонското правосудтво.

Апсењето на Морина предизвика реакции и во Косово и во Македонија.

Македонскиот премиер Зоран Заев рече дека во овој случај ќе се почитува законот, а албанските политички партии во земјава бараа пуштање на Морина на слобода.

Пуштање на слобода на поранешниот припадник на тн. ОВК побара и косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли, кој рече дека Приштина нема да дозволи испорака на Морина на Србија.