Србија повторно со повеќе од 4.500 новозаразени


Во соседна Србија денеска се регистрирани 4.668 нови случаи со корона вирус, од 16.831 тестирани.

Починаа 26 пациенти.

На респиратори се 208 пациенти, а во болница се лекуваат 4.408 пациенти со Ковид-19.

Потсетуваме, дека денеска Кризниот штаб одлучи да се затвори се, од вечерва од полноќ, освен продавниците за прехрана, аптеките и бензинските пумпи.