Србија повторно со повеќе од 1.000 заразени, починаа шест пациенти

Според последните информации во Србија потврдени се 1.384 случаи на заразени со Ковид-19, а починаа шест пациенти.
Од последниот извештај тестирани се 9.457 примероци.
Вкупно се тестирани 1.318.096 лица. Во болниците на респиратори се 44 пациенти.
Вкупно досега починаа 809 пациенти.