Во Србија во последните 24 часа тестирани се 7.955 луѓе, од кои позитивни на корона вирус се 396.
Починаа 11 лица на кои порано им бил утврден Ковид-19, со што вкупно од почетокот на пандемијата починаа 472 лица, а на респиратор се 187 пациенти.
Во регионалниот ковид сентар во Нови Пазар има 218 пациенти, од кои седум на респиратор. Според координаторот на општата регионална болница Мирсад Џерлек, состојбата се смирува и секојдневно примаат помалку пациенти, за разлика од пред една недела
Во привремената ковид болница во Белградска арена во моментот има 225 пациенти. Таму може да се сместат 500 пациенти.