Србија потврди нови 392 заболени од Ковид-19, починаа 10


 

Нови 392 случаи регистрирани се во Србија во последните 24 ласа, а во истиот период починале уште десет пациенти.

Вкупниот број починати кај нашиот северен сосед се искачи на 452.

Последното деноноќие тестирани се рекордни 9.910 примероци, а вкупно 534.488‬. Досега потврдени се 20.109 случаи, а во болница се 4.716. На респиратор има 184 пациенти. Стапката на смртност изнесува 2,25 отсто.