Србија остана без селектор


Српската фудбалска федерација одлучи да го ослободи селекторот Младен Крстајиќ, пишуваат медиумите кај нашиот северен сосед.

Веста доаѓа лично од потпретседателот на федерацијата, Драган Симовиќ.

Една од главните причини за отпуштањето на стратегот е дебаклот од 0-5 против Украина во квалификациите за ЕП. По овој пораз, Србите ја победија Литванија со 4:1, но тоа не беше доволно да се спаси поранешниот репрезентативец на „орлите“.

Новиот тренер ќе стане јасен до 10-ти јули. Крстајиќ ја презеде функцијата во октомври 2017 година, откако Славољуб Муслин си замина.
Србија одигра 19 натпревари со Крстајиќ на чело, откако забележа 9 победи, 5 нерешени и 5 порази. Србија моментно е рангирана на третото место во групата „Б“ со 4 поени, колку што има и Луксембург. Прва е екипата на Украина со 10 поени.